|
Во четвртокот, во вечерните часови, албанските терористи во три наврати во текот на ноќта жестоко ги нападнале пунктовите на македонските безбедносни сили кај Радуша, при што еден припадник на АРМ бил повреден.
Првиот напад бил во 20 чаот и 15 минути кога терористите го нападнале полицискиот пункт во селото Радуша. Во истото време биле нападнати и позициите на АРМ кај месноста Чашка. Во нападот, од шрапнели бил повреден еден војник кој се здобил со повреди во колкот и во раката. Терористите ги нападнале безбедносните сили со минофрлачи од позициите во селата Кривеник и Горанци кои се наоѓаат на косовска територија и македонските села Кобиља Глава и Чештева. Нападот бил одбиен, а престрелките траеле до 21 часот и 30 минути. Неколку часа подоцна, односно околу 1 часот и 30 минути по полноќ албанските терористи повторно нападнале, но сега, освен со минофрлачи, терористите гаѓале и со светлечки куршуми. Престрелките траеле до 2 часот. Еден час подоцна, во реонот на Радуша почнале најжестоките напади кои траеле до 8 часот изутрината. Повредени војници и полицајци нема.
|