daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Кина 
Site Meter
  Година: 7   Број:1961   Среда   1/3/2007
  Македонија
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ИН МЕМОРИАМ
Почина генерал Панде Петровски

Во 63-тата година од животот завчера во Битола ненадејно почина генерал-потполковникот Панде Петровски, поранечен начлник на Генералчтабот на АРМ. Генералот Петровски во АРМ извршуваше високи воени должности. Тој беше командант на поранешниот Втор Армиски корпус во Битола, заменик на Началникот на Генералштабот на АРМ, а потоа и началник на Генералштабот на АРМ, од каде што и замина во пензија. За време на воениот конфликт од 2001 година командуваше со Армијата на Република Македонија во кризните реони, а особено се истакна во чистењето на теренот во Тетово и тетовско, во познатата воена операција ,"Кале".
Пензионерските денови ги користеше за сумирање на резултатите и анализа на состојбата за време на конфликтот од 2001 година, а како резултата на тоа пред два-три месеци објави и книга, под наслов "Сведоштва". Погребот на генералот Петровски беше извршен вчера на Градските гробишта во Битола, со сите воени почести, но без присуство на највисоките воени и државни функционери.
М.П.

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор