daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Денес    
ден: 38
ноќ: 17
Утре    
ден: 39
ноќ: 16
Задутре    
ден: 21
ноќ: 9
Кина 
Site Meter
  Година: 2   Број:327   Петок   8/10/2001
  Македонија
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ТЕРОРИСТИТЕ, ЗАВЧЕРА, СО НАЈЖЕСТОКИ НАПАДИ СЕ ОБИДОА ДА ГО ЗАЗЕМАТ ГРАДОТ ПОД ШАРА
Тетово нема да падне
Тенкови и тешко артилериско оружје на македонските сили се распоредени на стратешки точки околу Тетово. Во Ратае загина резервниот полицаец Душко Синадиновски, а полесно беше повреден и ...

Тетово вчера беше пуст град. Низ улиците во градот се бележеше минимално движење на возила и на цивили. Голем број работници во клучните стопански претпријатија "Тетекс", "Етко", "Југохром" и други вчера не беа дојдени на работа. Поголем број тетовци останаа во градот, но извесен помал број од нив вчера заминаа со своите семејства и покуќнината во Скопје и во други градови во Македонија. Вчера, нешто по 11 часот, во Тетово албанските терористи започнаа со нови жестоки напади врз полицискиот пункт кај жичницата. Припадниците на паравоената ОНА, со своите снајперски и други гнезда, остануваат затскриени во куќи и во други објекти во поблиската околина на градот и делумно на неговата периферија и продолжуваат да демнат. Завчерашниот напад на терористите беше најжесток досега, изјави портпаролот на ГШ Благоја Марковски. Вооружените формации на ОНА кои сакаа да воспостават контрола над градот, беа потиснати.
Тенкови и тешко артилериско оружје на македонските сили се распоредени на стратешки точки околу Тетово, со што се гарантира дека Тетово нема да падне, потврдија вчера армиски извори.
Македонските безбедносни сили, вчера, бидејќи беа директно загрозени од провокации и напади, возвратија, и на потегот меѓу населбата Мала Речица и селото Лисец беа погодени терористички гнезда од кои се креваше чад. Околу 12 часот, во Тетовскиот медицински центар е примен Заим Бекири од Тетово, роден 1947 година, со прострелни рани од шрапнели од граната во стомакот, десната надлактица и во левата натколеница кои ги добил во реонот на Горна Чаршија и Теќе.
По загинувањето на резервниот полицаец Душко Синадиновски од Ратае, во завчерашните пополноќни и раноутрински напади на припадниците на т.н. ОНА врз полициските пунктови во Ратае и во Жилче, се зголеми трагичниот биланс на припадниците на македонските безбедносни сили. Во нападите врз Ратае и Жилче, вчера рано утрото, полесно беше повреден и полицаец Ангелче Јанев од Штип, кој заедно со загинатиот Синадиновски беше донесен во Тетовскиот медицински центар. Завчера попладнето, од здобиени прострелни рани при нападите на албанските терористи врз градот, цивилите и врз македонските безбедносни сили, почина и Сулејам Лимани од село Вешала. Со сериозни повреди завчера се здоби Љубе Блажевски од Тетово. Тригодишната Душица Павловска, вчера беше оперирана во Одделот за хирургија на Тетовскиот медицински центар, откако таа се здоби со тешки повреди во грбот и нејзината здравствена состојба во текот на вчерашниот ден беше стабилна, но и натаму мошне критична. Нејзиниот татко Горан Павловски, исто така, се здоби со сериозни повреди, поради прострелните рани, додека се движел со својата малолетна ќеркичка во сопствен автомобил на патниот правец Тетово - Брвеница. Горан Павловски е вон животна опасност.
Тетовци во текот на вчерашниот ден беа под длабока пресија од сето она што го доживеаја во текот на претходниот ден: тепањата, малтретирањата и насилните бркања на Македонците од становите во населбата Блок 82, киднапирањата на неколку лица од македонска националност од Лешок, како и од Брвеница и Стенче, додека завчера околу пладнето патувале во автобус на АТП "Полет" на релација Тетово - Стенче. Албанските екстремисти брутално се однесуваа кон бројни граѓани од македонска националност, претставувајќи им се како "ослободители на Тетово", во обидот завчера да воспостават контрола врз овој град. Овој обид беше безуспешен, откако специјалните единици на Македонската полиција презедоа контраофанзива и ги потиснаа терористите.
С.Т.

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор