daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Денес    
ден: 36
ноќ: 16
Утре    
ден: 38
ноќ: 17
Задутре    
ден: 17
ноќ: 16
Кина 
Site Meter
  Година: 2   Број:325   Среда   8/8/2001
  Македонија
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ЛИКВИДИРАНО ТЕРОРИСТИЧКО ГНЕЗДО ВО СКОПЈЕ
Во Чаир застрелани петмина припадници на ОНА
Во масовна полициска акција во која учествувале 300 припадници на МВР од специјалниот состав, вчераутро околу 5 часот, во скопската населба Чаир и Гази Баба е разбиено терористичко гнездо.

Во масовна полициска акција во која учествувале 300 припадници на МВР од специјалниот состав, вчераутро околу 5 часот, во скопската населба Чаир и Гази Баба е разбиено терористичко гнездо. Во акцијата биле ликвидирани петмина припадници на ОНА, кои пружиле вооружен отпор при нивното апсење. Во престрелката биле ранети уште петмина припадници од специјалните сили на ОНА.
Усмртените и уапсените терористи, според сознанијата МВР, припаѓале на посебна група која се подготвувала да изврши терористички акции во Скопје. Претходните неколку дена, терористите престојувале во скопското село Арачиново каде подготвувале планови и стратегија за акциите што требало да следуваат. Во близината на скопското село Арачиново, терористите имале намера да постават база од каде требало да се раководат акциите за Скопје и за околината. Пред да биде откриена, 10-члената група, во доцните вечерни часови, од Арачиново се префрлила во Скопје, во куќата на Алими Музафер во населбата Чаир. Со себе понеле големо количество оружје, муниција и експлозивни материи што требало да се употребат за вршење вооружени напади и убиства над припадници на безбедносните сили. Оружјето е од американско, југословенско, хрватско, албанско, кинеско и од јужноафриканско производство. Полицијата, по претресот на куќата, одзела три рачни лансири за гранати со калибар од 40 милиметри, шест автоматски пушки калибар 7,62, една пушка "ругер" од американско производство, пет пиштоли "црвена застава" со калибар 7,62 милиметри, шест тромблонски мини за автоматска и полуавтоматска пушка калибар 7,62 мм, три рачни бомби, 2.400 грама експлозив ТНТ, 44 детонаторски каписли и 350 гранати калибар 40 милиметри, санитетски материјал и униформи, меѓу кои и една со американски ознаки.
МВР соопштува дека меѓу ликвидираните е и еден од командантите на ОНА, познат по прекарот Тели, кој учествувал и ги раководел воените дејства во кумановско-липковскиот регион и на подрачјето на селото Арачиново.
К.М.

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор