daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Денес    
ден: 14
ноќ: -1
Утре    
ден: 8
ноќ: -1
Задутре    
ден: 7
ноќ: 2
Кина 
Site Meter
  Година: 1   Број:178   Петок   2/9/2001
  Скопје
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ОБНОВА НА ВОЗНИОТ ПАРК ВО МЕЃУГРАДСКИОТ СООБРАЌАЈ
"Пролетер" стравува од "Неокар" и бара автобуси од странство
"Пролетер" ќе купува нови 5 високо туристички автобуси и 6 до 7 минибуси, но понудата на домашниот пазар за нив е несоодветна. Единствена понуда е на "Неокар" кој според "Пролетер"во државава држи монопол и нуди високи цени за своите возила

Транспортното претпријатие "Пролетер" има намера да го обнови возниот парк, но за да ја реализира вакавата идеја тие се принудени да соработуваат со домашните производители на автобуси, кои пак, од своја страна не нудат голем избор. Во моментов, велат во "Пролетр" на домашниот пазар засега како единствен произвотител на автобуси се јавува претпријатието "Неокар", додека пак, ФАС "11 Октомври" одамна нема понуда. Поради немање конкуренција во производството на автобуси, "Неокар" нуди возила со мошне високи цени, а за возврат не даваат сигурност за квалитетот на автобусите и нивните резервни делови, велат во "Пролетр". "Во моментов имаме непазарно однесување од државата. Таа го штити домашното производство, но всушност како едиствен производител се јавува само "Неокар". ФАС "11 Октомври" е галениче на државата, но тие немаат никаво производство. Нашите автобуси, во просек се стари од 8 до 10 години и време е да ги обновиеме. Сакаме да купиме 5 високо туристички автобуси и уште 6 до 7 современи минибуси со околу 30 седишта. Едиствено ни преостанува понудата на "Неокар" чии цени, пак, се далеку повисоки од оние што на времето ги нудеше ФАС, а сега ги нудат странските производители, вели Зоран Василевски, генерален директор на "Пролетер".
Тој објаснува дека причината за резевираноста на "Пролетер" кон "Неокар" е фактот што околу ова претпријатие се плетат многу мистерии. "Не сакаме да се залетуваме и да ги дадеме парите, а отпосле да бидеме извисени, како што имало случаи. Околу работењето на "Неокар" кружат многу гласини. Тие бараат дел од парите да им ги платиме однапред, пред да ги добиеме автобусите, што е пракса во ваквото работење, но тоа можеме да си го дозволиме со ФАС, со кого сме соработувале толку долго, но не и со "Неокар", кажува Василевски. Тој вели дека "Пролетер" прави напори да добие дозвола од Министерството за економија за увоз на автобуси од странство, затоа што тие веќе имаат конкретна понуда од холанското претпријатието "ДАФ" и "Мерсцедес". "Ако евентуално не добиеме дозвола за увоз на нови автобуси, тогаш ќе се обидеме увозот да биде на делови, односно автобусите да бидат доработени тука, во нашава земја. Од тоа може да има корист и ФАС "11 Октомви", затоа што возилата ќе се склопуваат кај нив, појаснува Василевски. Р.Фотиновска

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор