daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Денес    
ден: 35
ноќ: 14
Утре    
ден: 38
ноќ: 15
Задутре    
ден: 36
ноќ: 16
Кина 
Site Meter
  Година: 2   Број:302   Понеделник   7/9/2001
  Македонија
Пребарувач
Во соработка со Најди!

ВО ТЕТОВСКО ЖИВОТОТ НАВИДУМ ДОБИ НОРМАЛЕН ТЕК
ОНА одвреме навреме глуми полиција на "ослободена" територија
Терористите примирјето го користат за прегрупирања и вкопувања. Униформирани припадници на ОНА повремено воспоставуваа контролни параполициски пунктови по должината на патот Тетово - Јажинце, легитимирајќи патници и претресувајќи возила

ТЕТОВО.- Во текот на викендот, албанските екстремистички формации во Тетовско многу помалку започнуваа вооружени провокации, а многу повеќе времето на примирјето го користеа за нови прегрупирања и вкопувања, особено во и околу окупираните македонски села и над Лешок. Сето ова, Министерството за внатрешни работи, исто така, го окфалификува како провокации и оценувајќи ја најновата безбедносна ситуација во регионот и воопшто во северозападниот дел од земјава како загрижувачка, им се обрати на европските мониторинг институции за преземање мерки за стабилизирање на ситуацијата.
Терористите завчера и вчера провокативно отвораа оган од пешадиско оружје со поединечни истрели и рафали од Варвара и Брезно врз безбедносниот пункт кај Лешок, како и од други локации врз позиции на македонските безбедносни сили кај Јажинце. Повремени пукотници беа слушани и над Теарце и околните села. Во ни еден од овие случаи македонските безбедносни сили не реагираа и целосно го почитуваа прекинот на огнот.
Вооружени и униформирани припадници на т.н. ОНА во изминатите два дена повторно повремено воспоставуваа контролни параполициски пунктови по должината на патот Тетово - Јажинце, легитимирајќи патници и претресувајќи возила. Поради ова, овој патен правец е прооден, но е недоволно безбеден за движење по него. Двајца жители на Лешок со кои вчера се сретнавме на тој пат ни рекоа дека околу 6.30 вчераутро ги запрела група во црни униформи, ги легитимирала, ги прашале кај одат и по кусо време ги пуштиле.
Во Лешок, жителите с&ицирц; уште се под импресија на борбите од петокот навечер кога сами го бранеа селото. Тие се разочарани што Владата не им испрати навремена помош, но и покрај тоа изјавуваат дека селото нема да го остапат на терористите. Манастирот е затворен, а крстот што го турнале терористите с&ицирц; уште е соборен. Специјалната болница за белодробни заболувања е отворена, иако пациентите се префрлени во Тетово. Наводно, директорот на Тетовската болница Раим Тачи инсистирал таа да остане отворена.
Контролни пунктови, албанските екстремисти одвреме навреме поставуваат јужно од градот Тетово, од населбата Теќе, во Мала Речица, с&ицирц; до Пирок.
Поединци и групи на цивили - Албанци, облекуваа униформи на ОНА, па и со ознаки на воена полиција и дејствуваат на своја рака, надвор од нејзините организирани формации. Тие цивили и групи собираат пари од албанското население во име на паравоената ОНА, а, всушност, за самите себе.
Во општинскиот центар Џепџиште, во кој живеат околку 1.700 Албанци и 60 Македонци, по жестоките напади врз Тетово и појавата на терористи во Порој и околината, 15 македонски семејства привремено се засолнија на други места, а пет останаа во Џепчиште. "Повеќе албански семејства, пред два дена ни ги отворија вратите на своите домови во случај на потреба, и ни рекоа дека не треба од ништо да се плашиме. Македонците од Џепчиште беа, а и сега се навистина многу вознемирени и загрижени, но никој нема да се иселува од овде, оние што привремено го напуштија селото, постапно се враќаа и веруваме во искреноста на зборовите на нашите соселани, Албанци", ни изјавија некои од Македонците од Џепчиште.
При нашата вчерашна посета на селото не забележавме ништо невообичаено. Барикадите од патот беа тргнати, продавниците и магацините на тамошните фирми нормално работеа, иако беше недела, а земјоделците беа на полињата.
С. Т.
Г.Т.

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор