daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Денес    
ден: 33
ноќ: 17
Утре    
ден: 38
ноќ: 14
Задутре    
ден: 36
ноќ: 16
Кина 
Site Meter
  Година: 2   Број:301   Сабота   7/7/2001
  Македонија
Пребарувач
Во соработка со Најди!

МЕСТО МИРНА НОЌ, ЕКСТРЕМИСТИТЕ УДРИЈА НАЈЖЕСТОКО ВРЗ ТЕТОВО
ОНА не го почитуваше прекинот на огнот
Девет повредени цивили со прострелни рани од куршуми и шрапнели од гранати, а четворица граѓани претепани со кундаци и друго, додека се движеле со автомобили на патот Тетово - Јажинце, е билансот од жестоката завчерашна ноќ...

Дожд од минофрлачки проектили паѓаше завчераноќ врз куќи, станови и автомобили во северниот дел на градот Тетово, кон градскиот стадион и спроти стоковната куќа "Тетовчанка". Девет повредени цивили со прострелни рани од куршуми и шрапнели од гранати, а четворица граѓани претепани со кундаци и друго, додека се движеле со автомобили на патот Тетово - Јажинце, е билансот од оваа жестока ноќ, во која терористите удираа со сета сила врз воени, но и врз цивилни цели во градот. Гранатиран беше и општинскиот центар Варвеница каде што беа запалени ниви со жита. Но, ова е само дел од исклучително силниот напад на албанаските терористи врз градот Тетово и пошироката околина.
Завчера, од 16 до 21 часот, албанските терористи го нападнаа градот и позициите и пунктовите на македонските безбедносни сили со ракетни фрлачи зољи, минофрлачи, автоматско и со други видови оружје, во еден широк појас од 20 до 30 километри, почнувајќи од југ, над населбите Теќе и Жичарница. Тие гаѓаа се до северниот дел, веднаш над населбите Дреновец и Порој и селото Ѓермо. Македонските сили битката ја водеа со сиот арсенал што го имаа на располагање. Армиски извори неофицијално соопштија дека тоа попладне т.н. ОНА имала намера Тетово да го прогласи како своја "ослободена" територија, но и дека не успеала во тоа, а терористичките групи биле успешно разбивани. Обидите на терористите да постават три барикади на патот Тетово-Јажинце, биле истовремено попречувани со артилериско оружје од АРМ.
И покрај потпишаното примирје, повремени пукотници се слушаа и во раните утрински часови и практичично во целиот ден над селата Лешок и Теарце каде што беше гранатирана, но не и погодена полициската станица, потоа на разни локации на Шара и во други села покрај патот Тетово - Јажинце со албанско население. Над Лешок терористите пукаа врз куќи, при што неофицијално дознаваме дека неколку куршуми завршиле и во манастирот со историска вредност "Свети Атанасиј". Терористите вчера го урнаа и крстот на Лешовското Кале, над манастирот.
Армиско-полициските единици ги елиминираа повеќето контролни пунктови што од завчера попладнето ги имаа воспоставено припадниците на паравоената ОНА кај Непроштено, Доброште, кај патот за Јегуновце и на некои други локални патни правци. Албанските терористи на овие пунктови претресуваа и легитимираа повеќе цивили, физички повредувајќи неколкумина од нив. Поради тоа, во целосен прекин беше сиот патнички и автобуски сообраќај од градот Тетово со голем број села по должината на патот кон Јажинце, с&ицирц; до моментот додека македонските безбедносни сили не ги отстранија овие пунктови. Имаме сознанија за распоредување на терористите со поддршка од Косово во селата Џечиште и Порој каде живеат Албанци, поради што овие неколку населени места с&ицирц; уште не се под целосна контрола. Во регионот и натаму терористите довлечкуваат оружје, а во наредните деновите се очекуваат нови провокации" - соопшти министерот Љубе Бошковски, кој вчера беше во Тетово.
Во Тетово пристигна и Мајк Ајник, амбасадорот на САД во РМ. Тој имаше разговори со градоначалникот на Тетово Муртезан Исмаили. По нејзино барање, со американскиот дипломат се сретна и делегација на македонските политички парти и здруженија, како и на тетовското Архијерејско намесништво на МПЦ. Амбасадорот Ајник, по овие разговори за медиумите, изјави: "Моето доаѓање во Тетово беше планирано уште од поодамна, исто како и во Куманово, а со градоначалникот Исмаили не разговаравме за актуелната политичка состојба, туку во врска со тоа како функционира нашата техничка програма за помош на обновувањето на куќите руинирани од воените дејства, како и за изградба на Штуловиот колеџ". Додека амбасадорот Ајник ги водеше овие разговори, пред зградата на Советот на Општина Тетово вчера беа собрани поголема група жители - Македонци од окупарните села и од градот Тетово. Тие го дочекаа Ајник со извици на негодување, поради сето она што му се случува на македонското население во регионот. Извесен број граѓани се нафрлија врз службениот автомобил на амбасадорот и почнаа да удираат по него со рацете и нозете. Полицијата веднаш реагираше и ги спречи граѓаните во овие нивни постапки, а Ајник безбедно си замина. Инаку, завчера попладнето, додека албанските терористи ги извршуваа своите напади врз градот и македонските безбедносни сили кај браната на река Бистрица од каде што се снабдува со вода Јегуновце, припадниците на паравоената ОНА ги заробиле двајцата чувари од браната, од кој едниот бил Албанец од Пршовце, а другиот е Македонец од Глоѓи по име Раде Јовановски. Тие вчера во текот на денот беа ослободени од терористите и изјавија дека сепак не биле подложени на некакво физичко малтретирање.
С. Тоевски

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор